Од Ферари се самоуверени: Нека се пазат Хамилтон и Ферстапен од нас

Ферари тргна одлично во новата сезона на Формула откако на трката за Големата награда на Бахреин остварија 1-2 победа.

Шарл Леклер заврши на највисокото место на пиедесталот, додека неговиот тимски колега Карлос Саинс беше под број два. Седумкратниот светски првак, пак, Луис Хамилтон од Мерцедес заврши трет откако актуелниот шампион Макс Ферстапен мораше да се откаже.

Од Ферари, поточно нивниот директор Матија Биното, најавија дека ова е само почеток на нешто фантастично.

„Почетокот е одличен и подобар не можевме да посакаме. А на Луис Хамилтон и на Макс Ферстапен, како и на нивните тимови им порачувам да се пазат од Ферари, којшто ќе им ги замрси плановите за титулата.

Се надевам дека ќе бидеме на олку високо темпо и на наредната трка во Саудиска Арабија, но и во остатокот од сезоната“, изјави Биното.

Следната Ф1 трка се вози веќе претстојниот викенд, каде што на програмата ќе биде Трката за големата награда на Саудиска Арабија во Ријад.

 

- Оглас -

Најнови вести