Од фудбалот се прости еден вистински уметник и опасен дриблер, Рибери ѝ кажа збогум на Бубамарата (Видео)

Еден вистински фудбалски уметник, Франк Рибери, објави дека ја завршува фудбалската кариера, а за тоа му беа потребни само три збора на неколку јазици.

„Топката застанува тука“, објави францускиот ас на социјалните мрежи.

Еден од најдобрите дриблери во светот на фудбалот одигра 81 меч за Франција и постигна 16 гола, а беше светски вицешампион со Триколорите во 2006 година.

Има пехари на клупската сцена со Галатасарај, Марсеј и најмногу со Баерн Минхен, дури 23, а од нив највреден е тој во Лигата на шампионите во сезоната 2012-2013 година.

Има и еден куп индивидуални признанија, а последен клуб со кој сè уште има актуелен договор до јуни идната година, но нема да го одработи е Салернитана во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести