Во таборот на Македонија Ѓ.П. пред репрезентативната пауза ја направија можеби најважната работа сезонава, ја прекинаа серијата порази на стартот на Прва МФЛ и освоија бодови против Пелистер на домашен терен.
Сега, откако домашниот шампионат се рестартира, Македонија Ѓ.П. доаѓа на Арената на дуел со Вардар. Се знае што значи тоа, мотивација до небо за младите фудбалери на „лавовите“, но и респект кон противникот кој во моментов е на самиот врв на табелата.