Стадионите во Англија ширум ќе ги отворат портите за навивачите од стартот на идната сезона, односно за околу еден месец, но ќе мора да биде тивко и да нема песна на трибините.
Ваква одлука донесе британската влада, а сите што сакаат да присуствуваат на натпреварите во колевката на фудбалот ќе мора да потпишат документ со Код на однесување.
Во него ќе биде вклучена одредба дека стјуардите на стадионите, или обезбедувањето ќе има право да забрани да се пеат навивачки песни, за да се спречи можното ширење на корона-вирусот.
Секако дека ќе мора да се поќитуваат и протоколите на здравствените власти за социјална дистанца, па ќе има намален капацитет за место на трибините.
Новиот шампионат во Премиерлигата на Англија ќе стартува на 12. септември.