Од Копенхаген се гледа Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на „Паркен“ во Копенхаген го игра полуфиналниот плејоф-натпревар за пласман на Светското првенство. Селекцијата на Гоце Седлоски е исправена пред голем предизвик, но стручниот штаб и фудбалерите се свесни за огромната шанса за нов историски предизвик.

Претстојат двата најважни чекори кон Мундијалот.

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на теренот. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, ја чувствуваме силно, тоа ни дава дополнителна енергија“, вели селекторот Гоце Седлоски.

Капитенот Енис Барди потенцира дека во тимот владее заедништво и победнички дух.

„Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути. По претходните натпревари извлековме важни лекции и тие ни помогнаа да се подобриме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и атмосферата во тимот е на високо ниво, функционираме како едно. Останатото треба да го покажеме на теренот“, изјави Барди.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија е закажан за вечерва, од 20.45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а целиот капацитет е распродаден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести