Од него очекуваме голови – Тричковски: Не смееме сега да го чекаме јуни, мора да продолжиме да победуваме

Иван Тричковски ја крена лествичката уште повисоко по историскиот пласман на Македонија на Европското првенство со интересна изјава на денешниот прес пред дуелот со Естонија. Ни треба победа утре во Скопје за продолжување на битката за првото место во Ц сегментот во Лигата на Нации.

„Испразнети сме и емоционално и физички, но сега не можеме да кажеме дека ќе го чекаме јуни и настапот на ЕП. Мора да сториме се со победи и прво место во групата да го потврдиме и квалитетот што е неспорен и историскиот успех. Одиме со продолжување на убавата серија успеси и за сите нас голем предизвик е да се победат и Естонија утре и Ерменија на Кипар“, вели Тричковски.

Ќе играме без капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми, Столе Димитриевски и Езџан Алиоски, но како што вели и Тричковски и сите од македонскиот табор победите сега се уште поголем предизвик за да го потврдиме заслужениот настап на ЕП идната година.

- Оглас -

Најнови вести