Од него започна македонската фудбалска приказна: Легендарниот Чоко направи хуманитарен тикет во Sport Life

Голот на Горан Пандев со кој синоќа Македонија славеше над Грузија и беше доволен за пласман на Европското првенство, сигурно ќе остане запишан како еден од легендарните погодоци на фудбалската репрезентација. Тоа беше вкупно 277 погодок за Македонија од формирањето на националниот тим.

Секако, освен погодокот на Пандев, засекогаш ќе се памти и оној гол на Зоран Бошковски постигнат пред 27 години во Крањ. Македонија го играше првиот официјален меч, а популарниот Чоко погоди за 1:0 во победата од 4:1. Всушност, од тој меч и погодок на Бошковски, започнува приказната за македонската фудбалска репрезентација, која денеска се радува на пласман на Европското првенство.

„Конечно успеавме да се пласираме на Европското првенство. Го гледав мечот и некако очекував еден момент, еден потег, еден гол да го реши победникот. Двете селекции започнаа внимателно затоа што влогот беше голем. Добро беше што успеавме во првото полувреме да го издржиме налетот на Грузија. Потоа знаев дека ќе дојде период на наша подобра игра“, вели Бошковски, кој како докажан голгетер, имаше само пофални зборови за погодокот на Пандев. „Направивме одлична акција, а Пандев ја покажа својата големина и на вистински начин успеа да го матира голманот. Мислам дека Грузијците беа под поголем притисок дека мораат да победат затоа што играа на свој терен и потфрлија“, анализира Чоко, кој и пред мечот најави победа на Македонија.

Стрелецот на првиот погодок за Македонија вели дека нашата репрезентација го покажа квалитетот и докажа дека е најдобра во тој Сегмент Д на УЕФА во Лигата на нациите. Бошковски верува дека Македонија може да го искористи фактот дека се наоѓа во добра група за континенталниот собир.

„Добро е што УЕФА ја формираше Лигата на нациите и даде шанса на условно послабите селекции да го докажат квалитетот и да бидат дел од ЕП. Оваа селекција има квалитет, и тоа го докажа на терен. Што се однесува до Евро 2020, мислам дека сме во добра група. Подобро е да играме со Холандија, Украина и Австрија отколку во група, на пример, со Португалија, Германија и Франција. Првиот меч со Австрија ќе биде најважен. Точно е дека двапати загубивме од оваа селекција, но има време добро да се подготвиме и да се обидеме да изненадиме“, ни изјави Бошковски.

Чоко со мерак се сеќава на времето кога беше дел од младата репрезентација на Македонија, кога во У21 созреваа поголем дел од сегашните фудбалски херои, како што се: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Езџан Алиоски, Стефан Спировски, Александар Трајковски…

„Мило ми е кога ги гледам фудбалерите кои додека беа тинејџери и созреваа, имав можност да работам со нив и на некој начин да придонесам за нивниот фудбалски развој. И тогаш велев дека ќе дојде нашето време, дали за 5 или 10 години, ќе дојде време кога ќе бидеме на големо натпреварување. Оваа победа против Грузија е победа за сите генерации кои поминаа во дресот на Македонија“, коментира легендата на македонскиот фудбал.

Бошковски вели дека знае понекогаш од забава да стави некој тикет во обложувалница, а кога се работи за хуманитарен тикет во Sport Life, без размислување прифати да се обиде да направи добитно ливче и парите да ги донира на оние на кои им е најпотребно тоа. Секако, Чоко верува во победа на Македонија против Естонија.

 

- Оглас -

Најнови вести