И за ова треба да си мајстор: Од пенал успеа топката да ја шутне во АУТ (Видео)

Африканскиот фудбал веќе со години е мета на чудни натпревари за кои и лаик ќе примети дека се „наместени“. Пред само десетина дена во Сиера Леоне имаше два меча на кои резултатите беа неверојатни 95:0 и 91:1, а сега се случи уште една чудна ситуација, овојпат во Нигерија.

Во мечот од финалето на Купот на сојузната држава Огун, играа екипите на Ремо старс и Ијебу јунајтед. По регуларните 90 минути немаше победник, па мораше да се шутираат пенали. Е токму во пенал серијата се случија неколку чудни моменти.

Голманот на Ремо стартс стоеше на гол линијата без да мрдне, додека противниците рутински погодуваа во мрежата. Хит на пеналите сепак беше ударот на еден играч на Ремо јунајтед, кој успеа од пенал да шутне дури во аут.

На крајот од пенал-рулетот Ијеби јунајтед победи со 3:0.

https://twitter.com/i/status/1547617973073899524

- Оглас -

Најнови вести