Во Сиера Леоне покрената истрага, еден фудбалски меч заврши со резултат 95-0, а друг со 91-1!

Фудбалската федерација на Сиера Леоне покрена истрага за можно местење на два натпревари од втората лига во оваа африканска земја. Работата е ептен сомнителна бидејќи средбите завршија со нереални и неверојатни резултати: едниот 95-0, другиот 91-1.

Откако на двата меча паднаа вкупно 187 гола, властите во Сиера Леоне решија да се позанимаваат со случајот.

Да биде уште посрамно тоа што се случувало во вторите полувремиња, на едниот меч на полувремето било само 2-0, а на другиот 7-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести