Поддршка за македонската фудбалска репрезентација вечерва на мечот со Данска ќе има на сите страни на светот, буквално секаде каде што има Македонци, а тоа им беше дадено до знаење и на нашите фудбалери, на стручниот штаб и на претставниците на Фудбалската федерација на Македонија.
Во Копенхаген дојдоа и нашинци од далечниот Сиднеј, каде што најпопуларен клуб на Македонците од тој дел на Австралија е Рокдејл Илинден.

Дел од македонската експедиција им се заблагодари на поддршката и позираше со дресови и знамиња на клубот Рокдејл Илинден.


