Кога нешто ви е „чкртнато“ од некој таму горе, нема бегање. Дури и кога губите со 0-1 до 89-та минута на фудбалски меч, не значи дека нема да победите.
После финале, само еден тим може да се радува, а годинава немаше шанса Фламенго да не го крене трофејот во Копа Либертадорес. Бев сигурен дека Бразилците ќе победат, дури и кога губеа на една минута до крајот на регуларните 90.
И на Спорт Манија неколку пати се најавуваше кој ќе триумфира во Копа Либертадорес. Најпрвин се најавуваше дека благодарение на една традиција која почна во 2012 година (Либертадорес го освојуваат тимови од земји од кои претходната година бил освојувачот на Судамерикана) и се повторува секоја година без утка, овојпат редот му е на Бразил. Немаше бегање од судбината.
Оваа победа многу потсетуваше на триумфот на Манчестер јунајтед против Баерн Минхен на „Камп ноу“ во финалето на Лигата на шампионите пред 20 години. Мислите дека Јунајтед беше подобар на тој меч? Не. Судбината сакаше да победат со голови во судиското продолжение.
Греота е за тие што типуваа на победа на Ривер или нерешено, но одеа со глава во ѕид, сакаа да ѝ се спротивстават на судбината. Оние кои чекаа победа на Фламенго, веројатно се препотуваа и се откажаа предвреме, но 23 ноември е ден за континентална титула на тимот во Рио.
И во далечната 1981 година, истотака на 23 ноември (ете и тоа е судбина), Фламенго ја покори Јужна Америка и исто така и тогаш имаше двоен стрелец. Тогаш два гола даде славниот Артур Зико, а сега Габриел Барбоса. Зико си направи кариера во Европа, сега Габи-гол треба да се докаже на Стариот Континент.
Кој ќе го освои Либертадорес в година? Уште од 9 ноември се знае. Тим од Еквадор. Годинава Копа Судамерикана му припадна на еквадорскиот Индепендиенте дела Валје. Не го потценувајте еквадорскиот клупски фудбал, во следното издание на Либертадорес тимовите од таа земја на своја страна ќе ја имаат судбината.
НА ВАРДАР НЕ МУ БЕШЕ ПОГОДЕН ВИКЕНДОВ, ЗБОГУМ ЗА АЛУШОВСКИ, ШТРКОВИТЕ НЕМИЛОСРДНИ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“
И на домашна сцена викендов беше доста интересен. Ракометарите на Вардар во второто полувреме кај Мешков Брест се однесуваа како аматери, па добија заслужена шлаканица и убедлив пораз, кој им ги загрозува амбициите за полесен пат до разигрувањето. Илјадниците фанови не заслужуваат да гледаат ваков Вардар. Нешто мора да се смени додека не стане предоцна. Можеби прв чекор кон враќање во нормала е доведување на нов тренер.
А, нов тренер ќе добие Еурофарм Работник. Управата се замори да гледа како тимот редовно губи со по еден или два гола разлика, без оглед дали мечевите се во ЛШ или СЕХА. Битолчани го разрешија Стевче Алушовски, а времето ќе покаже дали ова ќе им донесе резултат или сепак проблемот не е кај тренерот.
Вардар потфрли не само во ракомет, туку и во фудбал. Лидерот на табелата требаше да победи против Шкупи, но не го стори тоа, па сега заостанува со седум бода Шкендија. Скопските „црвено-црни“ уште ја контролираат ситуацијата, но се ближи дербито со Шкендија и притисокот ќе биде поголем отколку ако победеа против чаирчани. Академија Пандев направи кикс против Струга и наместо да дојде на два бода од Вардар, сега мора да го брани второто место бидејќи Шкендија е блиску, на три бода.
МЗТ Скопје Аеродром како никогаш досега го растури Работнички во „Градски парк“. Во дотраениот кошаркарски храм, аеродромци се прошетаа премногу лесно. Супер си поминаа тие што уплатија двојка. Квотата за победа на МЗТ во Sport Life беше 2.05. Веројатно никој не очекуваше дека победата ќе биде со 25 поени разлика, но јасно беше дека МЗТ има подолга клупа и поголем фонд на квалитетни играчи, па двојката беше реална. Кај најтрофејниот клуб, главниот збор го водат странците, а нив ова дерби со голема традиција и не им значи толку многу.