Од тенисот не виде многу ќар, па реши да најде нов начин за голема заработка

Еден Силва е тенисерка која кога започнувала со професионалното играње, сон ѝ било да ја наследи Серена Вилијамс. Сепак, Британката очигледно го нема талентот на Серена, па нејзиниот најдобар пласман на ВТА-листата бил 424-то место, и тоа на почетокот на оваа година.

Поради пандемијата со корона-вирусот, тениските возбудувања веќе четири месеци се прекинати и уште е неизвесно кога ќе започнат повторно ВТА и АТП турнирите. Во една ваква ситуација, Силва решила да се испроба во манекенските води.

Убавата Силва веднаш станала популарна и започнале да стигнуваат ангажмани од повеќе страни. Само за неколку месеци во манекенската кариера успеала да заработи повеќе пари од комплетната заработка како тенисерка.

 

View this post on Instagram

 

The best things in life aren’t things 🙏🏽

A post shared by Eden Silva (@edensilva) on

„Уверена сум дека не треба да се фокусирам само на тенисот. Важно е да се има и други активности. Секогаш сум се интересирала за модата и убавината, а агенциите сметаат дека сум интересна личност. Секако дека уште сум фокусирана на тенисот и верувам дека ова ќе ми биде поттик за нови успеси на терените“, вели 24-годишната Силва.

 

View this post on Instagram

 

Saturday sesh 🎯

A post shared by Eden Silva (@edensilva) on

- Оглас -

Најнови вести