Од топ 5 најдобри одбрани во ракометната ЛШ, две се на Митревски и Гедбан (Видео)

Македонскиот голман Николче Митревски, кој брани за Порто, и голманот на Еурофарм Пелистер, Калифа Гедбан, се меѓу петте голмани со најатрактивни интервенции во шестото коло од Лигата на шампионите во ракомет.

Митревски имаше фантастична партија на мечот со ГОГ, а една од 13-те негови одбрани се најде во топ 5 најатрактивни одбрани во колото.

Одлична одбрана која заслужи место во изборот на ЕХФ имаше и Гедбан, кој во Битола на мечот со Кјелце имаше само две одбрани, но едната од нив за паметење.

Топ пет одбраните на колото можете да ги видите на овој ЛИНК.

 

- Оглас -

Најнови вести