Голем дел од медиумите на Балканот пренесоа дека поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, Барак Бахар, покренал или ќе покрена судска постапка против белградскиот клуб и ќе бара високо обесштетување за отказот.
Денес со соопштение се огласија и од раководството на Црвена ѕвезда, од каде тврдат дека немаат никаков спор со израелскиот тренер и сите услови се предвидени во договорот за спогодбен раскин на договорот.
– “Во врска со одредени медиумски написи за потенцијален спор меѓу Барак Бахар и Црвена ѕвезда, ја информираме јавноста дека сите наводи се неточни. Црвена ѕвезда и Барак Бахар се разделија во добри односи и не станува збор за никакви судски спорови меѓу клубот и поранешниот тренер. Договорот е јасен и ги знаеме нашите обврски според прописите на ФИФА. Според потпишаниот договор, Црвена Звезда на поранешниот тренер ќе му исплаќа месечни плати додека Барак Бахар не потпише договор со друг клуб. Ништо повеќе од тоа. Таканаречени казни и обештетување не постојат, како и недоразбирање со поранешниот тренер, па ваквите медиумски наводи можат да бидат само злонамерен обид за медиумска шпекулација. Адвокатите на поранешниот тренер непотребно не потсетија на обврските на Црвена звезда кон него, бидејќи на таа тема јавно проговоривме ден по отказот на Барак Бахар и нема потреба дополнително да се обрнува медиумско внимание. ФК Црвена ѕвезда работи транспарентно и со ова соопштение ставивме крај на таа тема.“ – се вели во комплетното соопштение на Црвена ѕвезда.