Се заредија лоши работи за Барселона. Каталонскиот гигант вечерва беше елиминиран во четврт-финалето од Купот на Шпанија откако загуби со 1:0 на гостувањето кај Атлетик Билбао. Домашните навивачи на „Сан Мамеш“ доживеаја ерупција од радост во судиското надополнување кога беше постигнат единствениот гол, доволен за Баскијците да одат понатаму.
Веќе со денови во Барселона владее криза. Меси е на „ратна нога“ со спортскиот директор Ерик Абидал, кој ја доби довербата од претседателот Хосеп Марија Бартомеу. Целата криза во клубот, според многумина, започна на гостувањето на Барселона на „Месталја“ против Валенсија.
На тој меч Меси реши да го прекине традиционалниот мотивациски говор кој го има пред секој натпревар. Кога играчите на Барселона беа на теренот, го чекаа Меси да дојде и да одржи говор, но Аргентинецот само помина покрај нив. Сите беа збунети, а Жарарт Пике се обиде да го сопре Меси, но не успеа.
Од тој меч, па досега Барселона го загуби лидерското место во Примера, а сега за првпат по шест години нема да игра ниту во финалето на Купот на Шпанија.
— SportTime (@SportTi43915378) February 6, 2020