Со рекорд на „Сан Мамеш“, Атлетик ја елиминира Барса (Видео)

По актуелниот бранител на трофејот Валенсија и Реал Мадрид, вечерва од Копа дел Реј е елиминирана и Барселона, што доведе до чуден тек на шпанскиот куп.

Во поспедното четвртфинале Атлетик со гол на Ињаки Вилијамс во 93-тата минута ја победи Барселона и ја исфрли од Купот.

https://twitter.com/S8R_HD500/status/1225537533569884167?s=20

Радоста на навивачите на Атлетик беше огромна, а тие поставија рекорд на „Сан Мамеш“ со најголема посета на стадионот, на којшто вечерва имаше 49.154 гледачи.

Атлетик ќе игра во полуфиналето, заедно со Гранада, Мирандес и Реал Сосиедад, а ждрепката ќе биде утре претпладне.

- Оглас -

Најнови вести