Одат на женско – Шакира повторно е трудна?

Се појавија шпекулации дека сопругата на дефанзивецот на Барселона Жарарт Пике, колумбиската пејачка Шакира е бремена по трети пат. Оваа спортско-музичка брачна двојка досега има два сина, Саша и Милан, па веројатно имаат желба да добијат и една ќерка, а дали ќе биде трета среќа, останува да се види.

Атрактивната пејачка се појави на последниот концерт на нејзиниот шпански колега Алехандро Санс, а еден детал ги наведе верните фанови на Шакира да помислат дека очекува дете.

Шакира во својот перформанс не била облечена како другпат и не играла, туку носела долго сако со кое ги криела своите облини. Затоа се појавија дилеми дали таа го чека третото дете или можеби само се здебелила.

 

- Оглас -

Најнови вести