Одбојкарите поразени од Бугарија во контролата во Софија

Бугарија ја победи Македонија со 3-1 во сетови во првиот од двата контролни дуели на овие две селекции во Софија. По сетови, резултатот беше 23-25, 25-18, 25-22, 25-18.

И македонската и бугарската репрезентација се во фаза на подготовки за квалификациите за ЕП, кои почнуваат на 11-ти јануари. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ и утре попладне ќе играат во салата „Христо Ботев“ против најдобрите одбојкари на нашиот источен сосед, по што ќе се вратат дома и ќе продолжат со подготовки за важните дуелите во Скопје со БиХ и Турција преку кои Црвено-жолтите ќе се борат за пласман на ЕП во септември годинава.

Македонија и Бугарија неодамна играа две контроли и во Скопје на турнирот „Чајка“, а и тогаш Бугарите беа поуспешни, славеа со 3-2 и 3-1. Македонскиот состав беше засилен со Филип Деспотовски во составот, единствено отсутен е Филип Маџунков кој има мала повреда и немаше потреба да се ризикува со него.

- Оглас -

Најнови вести