Одбојкарките гостуваат на Фарските Острови како апсолутни фаворитки за победа (Фото)

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија само еднаш во историјата успеала да победи на гостински терен во официјален меч. Тоа се случило на 31-ви мај 1998 година, кога славевме над Финска со 3-1 во Сомеро во меч од квалификациите за Европското првенство 1999.

Според квотите во Sport Life, постот од 27 години ќе заврши вечерва и тоа на гостувањето кај Фарските Острови. Македонија има квота за победа од 1.03 и сосема е извесно дека ќе ја запише и втората победа во овој циклус од Европската сребрена лига.

На првиот турнир кој се одржа во Струмица, Македонија славеше со 3-0 над Луксембург, а со истиот резултат беше поразена од Швајцарија. Вториот турнир се одржува на Фарските Острови, а освен со домаќинот, ќе играме и против Австрија.

- Оглас -

Најнови вести