Одбојката на снег зема замав на екс-ју просторите

Прославениот српски одбојкар, Вања Грбиќ, рече дека новата 2019 година ќе ја дочека играјќи одбојка на снег во Словенија. Грбиќ е еден од главните промотори на ваквиот вид одбојка и сакајќи да направи нешто невообичаено, реши Новата година да ја дочека играјќи одбојка на снег.

„Во Логатец, на терените под скокалницата, има место идеално за одбојка на снег. Таму ќе го одржиме првиот зимски камп, со што сакаме да стимулираме размислување за спојување на одбојката во сала и на снег. Излегувањето на терен е планирано за 23.40 часот, а под рефлектори ќе играме одбојка облечени со дедомразовски капи до 20 минути по полноќ. За младите учесници ќе има чаеви, а за постарите и другите, традиционални топли напитоци“, вели Грбиќ.

По примерот на одбојката на песок, која се игра по плажи, во земји каде што има повеќе снег смислија одбојка на снег, а овој спорт е зимска верзија на одбојката на песок и можеби на некои од наредните Зимски олимписки игри како дисциплина ќе се појави и одбојката. Така, одбојката би била прв спорт која би била на олимписката програма и на летни и на зимски игри.

- Оглас -

Најнови вести