Лондонските Брентфорд и Тотенхем го отворија продолжувањето на сезоната во Премиер лигата, а на денешниот Боксинг деј (ден за отворање кутии со божиќни подароци) во Англија, екипата на Тотенхем ги почести противниците со прв гол на мечот.
Пчелите водат со 1-0 по првото полувреме, стрелец на голот беше Витали Џанелт, но заслуга има и искусниот голман Фрејзер Форстер, кој првпат сезонава доби прилика да застане меѓу стативите на местото на Уго Љорис, кој доби поштеда по Мундијалот на којшто играше финале. За Брентфорд ова е прв прволигашки гол на Боксинг деј уште од 1946 година наваму.
Тотенхем прима гол на секој од последните шест меча во Премиер лигата, на 15 октомври беше последен пат да ја зачуваат својата мрежа.
Brentford's first goal by Janelt 1-0 ⚽#BRETOT
pic.twitter.com/TdMvzRrC5U— SHA3WAZA (@SHA3WAZA_3) December 26, 2022