31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Одегард вечерва ќе игра на раат против својот клуб

Мартин Одегард ќе може на раат да игра за Реал Сосиедад вечерва од 22 часот против својот клуб Реал Мадрид во дербито на 30. коло во Ла Лига, откако одлучи и дефинитивно да игра уште една сезона како позајмен фудбалер во клубот од Сан Себастијан.

Норвежанецот потпиша договор со Реал Мадрид во 2015 година и за кралскиот клуб одигра само еден меч. Беше позајмен во Херенвен и Витезе во Холандија, а потоа лани замина на нова позајмица, токму на „Аноета“ кај Реал Сосиедад.

За клубот од Баскија игра одлично и го покажа раскошниот талент токму и на дуелот со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртфиналето на кралскиот куп.

Сосиедад славеше изненадувачка победа од 4:3 во Мадрид и го елиминира фаворитот, а Одегард блескаше и го постигна првиот гол на мечот. И вечерва речиси сигурно ќе биде стартер во новото дерби на тимот во кој игра како позајмен фудбалер и клубот чиј член е се уште официјално.

 

- Оглас -

Најнови вести