Оди си од Реал, инаку ќе останеш резерва

Реал Мадрид ќе се обиде да се ослободи од Иско Аларкон во летниот преоден рок. Кралевите имаат 35 играчи регистрирани во првиот тим и јасно е дека ќе има неколку заминувања, а еден од играчите кои треба да биде продаден е токму шпанскиот репрезентативец.

Иако Иско е врвен фудбалер, Зидан не може да му гарантира место во стартните 11, па затоа клубот го советува да бара нова средина. Доколку остане, Иско и натаму би се користел како резерва, како што беше во изминатата сезона, но и претходно. Во сезоната 2019/20 Иско само двапати ги одигра сите 90 минути, вкупно одигра 30 натпревари во кои 18 пати беше користен како замена.

Цената на 28-годишниот офанзивен играч за врска е измеѓу 40 и 50 милиони евра, прашање е дали Реал ќе најде купец.

- Оглас -

Најнови вести