Австралија ја запиша првата победата на Мундобаскетот со славјето над Канада при конечни 108:92. Кенгурите беа феноменални во првото полувреме во кое имаа +17 поени разлика, предност која им помогна да дојдат до посакуваниот резултат, иако Канаѓаните не се даваа лесно.
Високи 52 поени постигна репрезентацијата на Австралија во првото полувреме, но Канада ја смени стратегијата на стартот од третата четвртина, па со серија од 13-3 за пет минути ја вратија неивесноста на мечот. Сепак, расположените Делаведова и Милс во одлучувачкиот период ги покажаа квалитетите на НБА играчи, па така ја предводеа австралиската селекција до првата победа.
Токму Делаведова се истакна како најефикасен кај Австалијците со 24 поени и пет асистенции, Гоулдинг додаде 16 поени, додека Инглс запиша дабл-давл со 13 поени и 10 асистенции. Брч и Џозеф беа најрасположени кај Канаѓаните со 18, односно со 16 поени.
Ankles were tested that day… @Patty_Mills with the swerving and-1️⃣ finish for @BasketballAus 🇦🇺! 😳 #FIBAWC #CANAUS
📽 https://t.co/U6RPjx3FuZ pic.twitter.com/5wdd3w4Gxz
— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) September 1, 2019