Екипата на МЗТ Скопје има водство од 44:39 против Широки Брег во второто полуфинале, односно во мечот кој што победникот ќе обезбеди влез во АБА 1 лигата.
И двете екипи играат „топло-ладно“ кошарка, со неколку одлични напади, но, и некои навистина чудни одлуки при реализацијата.
Хуан Дејвис со три погодени тројки, односно вкупно 11 поени е најефикасниот кошаркар на теренот по првите 20 минути.
Како што е добро познато, победникот од овој меч ќе обезбеди пласман во АБА 1 лигата, откако претходно Златибор Чајетина се пласираше во финалето, но нема да може да влезе бидејќи српските екипи го имаат максималниот број на учесници за наредната година.