Кој тим ќе оди понатаму, Баерн Минхен или Лацио, Реал Сосиедад или Пари Сен Жермен, е една од опциите на кои може да се обложите во Sport Life пред почетокот на вечерашните реванш-дуели од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.
За сите осум пара има квоти, а денеска се играат два меча во кои Баерн и ПСЖ се големи фаворити за пласман во следната фаза.
Парижаните првиот меч го добија со 2-0 и тоа е убава предност која Реал Сосиедад тешко дека ќе ја надомести, затоа и квотата за место во четвртфиналето на баскискиот тим е 7.00, а за Светците е 1.10.
Многу поинтересен е другиот пар. Лацијалите првиот меч во Рим го добија со 1-0 и вечер во Минхен ќе имаат пеколно тешка задача да ја одбранат таа минимална предност. Но, Лацио е италијански тим и никако не треба да биде потценет, иако баварската машина знае да проработи кога е најпотребно.
Квотата дека Лацио ќе оди понатаму е одлична – 3.00. Доколку верувате во одбраната на Лацио и малерот на ѕвездата на Баерн, Хари Кејн, кој никогаш во кариерата не освоил трофеј, искористете ја шансата да заработите и уплатете во Sport Life дека Лацио ќе го елиминира германскиот првак, кому ЛШ веројатно му е единствена шанса да освои трофеј сезонава.