Одлична вест за Баерн: Мане тренира со тимот, ќе биде спремен за реваншот против ПСЖ!

Навивачите на Баерн Минхен конечно дочекаа летното мега засилување, Садио Мане, повторно да се врати на тренинзи после повредата здобиена во ноември на меч против Вердер, непоредно пред почетокот на Мундијалот во Катар.

Сенегалецот после пауза од неколку месеци, денеска тренираше со тимот, а според германските медиуми, Мане наскоро постепено ќе биде уфрлуван во игра со намалена ми, додека би можел да биде стартер на 8-ми март, на реванш мечот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

„Чувството е едноставно фантастично“ – рече Мане пред првото стапнување на терен после паузата.

https://twitter.com/i/status/1627240108696145921

- Оглас -

Најнови вести