Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити и репрезентацијата на Шпанија, Родри, почна да тренира со топка.
Граѓаните објавија видео на кое се гледа како освојувачот на „Златната топка“ Родри трча праволиниски и шутира топка, но и индивидуален тренинг е добар сигнал и можеби ќе одигра некој меч пред крајот на сезонава во Премиер лигата или ФА купот ако стигнат до финалето. Доколку не, тогаш би требало да биде спремен за Светското клупско првенство кое почнува на 14-ти јуни.
Родри ги скина предните вкрстени лигаменти во десното колено на натпреварот од петтото коло на Премиер лигата против Арсенал на 22-ри септември. Отсуството на Родри е една од причините за лошите резултати на Сити сезонава и затоа неговото враќање ќе биде голем плус за тимот.
On the road to recovery 💪 pic.twitter.com/WovR8p6417
— Manchester City (@ManCity) February 28, 2025