Одлични вести: Федерер ќе игра на Ролан Гарос

Роџер Федерер ќе настапи на вториот овосезонски грен-слем, Отвореното првенство на Франција, или попознато како Ролан Гарос. Швајцарецот го потврди своето учество преку социјалните мрежи, а воедно ќе игра и на АТП 250 турнирот во Женева.

„Среќен сум што ќе играм во Женева и Париз. До почетокот на турнирите ќе се посветам на подготовките. Со нетрпение чекам повторно да играм во Швајцарија“, објави Федерер на „Твитер“.

Рекордерот по бројот на грен-слем титули во март годинава заигра првпат по 13 месеци пауза, но во Доха заврши неславно по што повторно се повлече. Мастер турнирите во Мадрид и Рим ќе ги пропушти, но добро е што Федерер ќе биде дел од тенискиот крем во Париз.

Ролан Гарос почнува на 30 мај и ќе се одржува до 13 јуни, а три дена подоцна Федерер ќе се појави во Женева.

- Оглас -

Најнови вести