3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Одлични вести за Манчестер сити: Златната топка од 2024 година се враќа во игра!

Манчестер сити вечерва има гостување кај Сандерленд во меч од Премиер лигата, а на терен се очекува да се врати Златната топка од 2024 година, Родри. Шпанецот се опорави од повредата, тренира со полн интензитет и се очекува да добие минутажа од Пеп Гвардиола.

„Родри се враќа. Можеби ќе му дадам неколку минути во игра, бидејќи ние како тим имаме потреба од тоа. Можеби и Доку ќе игра. Имавме седум или осум повредени играчи и двајца кои се на Африканскиот куп на нации. Петмина од повредените постепено се враќаат. Не можам да кажам дека сме во оптимална состојба кога станува збор за составот, но во однос на бодовите сме значително подобри од минатата година. Нè очекува тежок натпревар против Сандерленд. Тие го победија Њукасл, а Арсенал и Астон Вила не успеаја да победат кај нив на гостински терен. Мораме да бидеме подготвени.“ – рече Пеп Гвардиола на официјалната прес-конференција пред мечот.

- Оглас -

Најнови вести