5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Одличниот Нено Димитријевиќ го водеше Баерн до голем триумф над моќниот Хапоел

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, одигра уште еден одличен евролигашки меч за Баерн Минхен. „Баварците“ забележаа голем триумф над една од најдобрите екипи во евролигата, Хапоел, и тоа на гостински терен во Тел-Авив.

Баерн славеше со убедливи 65-79, а Ненад Димитријевиќ во победата учествуваше со 11 поени, и по еден скок и асистенција.

И покрај победата, Баерн Минхен останува само со теоретски шанси за влез во плеј-ин разигрувањето со оглед дека заостанува четири победи, а до крајот треба да одигра пет натпревари.

- Оглас -

Најнови вести