4.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Одложеното дерби помеѓу Шкендија и Вардар ќе се игра в понеделник!

Викендов нема да се играат фудбалски натпревари кај нас бидејќи ФФМ ја прифати препораката на МВР и ги одложи мечевите од сите лиги поради одржувањето на првиот круг од локалните избори.

Доцна вечерва се познати и новите термини за одложените натпревари, а секако дека најголемо внимание привлекува дерби-дуелот помеѓу Шкендија и Вардар, кој треба да се игра на „Градскиот стадион“ во Тетово.

Мечот на двете „црвено-црни“ екипи ќе се одигра на 27 октомври (понеделник), со почеток во 13:30 часот.

Десеттото прволигашко коло ќе го отворат натпреварите Башкими – Шкупи и Тиквеш – Арсими, кои се програмата на 24 октомври (петок). Следниот ден, во сабота, играат Работнички – Македонија ЃП и Струга – Брера. Во недела, на 26 октомври, ќе се игра само еден меч, оној помеѓу Силекс и Пелистер, а колото ќе го затворат токму Шкендија и Вардар.

Сите натпревари се играат со почеток во 13:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести