Одмаздата се сервира ладна, Икарди ѝ зададе неочекуван удар на Ванда Нара

Мауро Икарди и Ванда Нара веќе неколку месеци ги полнат страниците во весниците. Жешката Аргентинка доминираше изминатиот период, а сега на сцена стапи и фудбалерот кој одлучи да ги прекине професионалните односи со неа.

Ванда неодамна изјави дека бракот со Икарди е готов и се врати во Аргентина, каде што почна да се забавува со 22-годишниот рапер Л-Ганте, дури се појави во спот за негова песна каде што во кревет заедно разменуваа нежности. Потоа раперот и Ванда биле забележани заедно и во ноќен клуб во Буенос Аирес, што за медумите беше доволна потврда дека Аргентинката го преболела Икарди.

Тоа го налутило Мауро Икарди, кој без дозвола на челниците на Галатасарај отпатувал во Аргентина за да се соочи со Ванда и, наводно, ставил точка на нивниот брак.

Исто така, Икарди одлучил да ги прекине сите професионални односи со Ванда и ѝ дал отказ на местото менаџерка. Ванда откако се венча со Икарди, се грижеше за неговата кариера и ги договораше сите трансфери.

Исто така Мауро ги стопирал и исплатите на нејзина сметка и побарал од челниците на турскиот тим да не ѝ ги исплатат парите што требала да ги добие како менаџерка која посредувала во неговото доаѓање од ПСЖ. Тој побарал тие пари да бидат префрлени на негова сметка.

Аргентинските медиуми пишуваат дека Ванда била шокирана од тој потег на Мауро, како и дека ја дочекало уште едно непријатно изненадување по пристигнувањето во Истанбул. Имено, таа се вратила во Турција за да ги види децата, но Мауро не ѝ дозволил да престојува во заедничка соба во хотелот, туку ѝ изнајмил друга соба.

- Оглас -

Најнови вести