Мечот меѓу Барселона и Осасуна требаше да се одигра на 8 март, но беше одложен поради смртта на клупскиот доктор на каталонскиот гигант Карлос Минаро, ќе се игра на 27 овој месец. Ова е одлуката на челниците на шпанската лига, а незадоволство има кај двата клуба кои треба да играат.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Барселона е подготвена да упати жалба затоа што тој термин не им одговара. Дел од играчите на каталонскиот гигант, како што се Бразилецот Рафиња и Уругваецот Роналд Араухо, ќе имаат репрезентативни обврски во Јужна Америка и едноставно нема да имаат доволно време да стигнат за натпреварот против Осасуна.
Овој датум 27 март не одговара ниту за Осасуна затоа што според претходно утврдените термини, тимот од Памплома веќе следниот дел, на 28 март, го очекува дуел против Атлетик Билбао на гостински терен.