Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за првите четири кола од групната фаза на Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, натпреварите во ЛШ ќе ги започне пред своите гледачи на 13-ти септември против Колштад, а почетокот на натпреварот е закажан за 18.45 часот.
Во следните три кола, Е. Пелистер ќе игра во ист термин, од 20.45 часот, и тоа нагости кај Алборг и ПСЖ, како и дома против германскиот гигант Кил.
Група А:
13 септември (18:45 часот) – Еурофарм Пелистер – Колштад
20 септември (20:45 часот) – Алборг – Еурофарм Пелистер
28 септември (20:45 часот) – Еурофарм Пелистер – Кил
12 октомври (20:45 часот) – ПСЖ – Еурофарм Пелистер