Отсуствата на Алекс Сандро и Даглас Коста го принудија тренерот Алегри воо почетниот состав на Јуве во мечот на годината за нив како стартер на позицијата лев бек да го стави Спинацола. Емре Џан доби предност пред Бентанкур во средниот ред, а настапот на Бернардески значи дека Дибала ќе чека шанса од клупата за резерви.
Кај Јуве ги нема повредените Даглас Коста и Хедира, како и суспендираниот Алекс Сандро. Во гостинскиот тим суспендирани се Томас Парти и Диего Коста, а повредени се Лукас и Филипе Луис.
Јувентус (4-3-3): Шченсни, Кансело, Кјелини, Бонучи, Спинацола, Матуиди, Пјаниќ, Џан, Манџукиќ, Бернардески, Роналдо.
Атлетико (4-4-2): Облак, Аријас, Хименес, Годин, Хуанфран, Родри, Саул, Коке, Лемар, Гриезман, Мората.
Манчестер сити со Данило (ќе игра како централен дефанзивец) првпат како стартер по една година ќе се обиде да ја продолжи традицијата на успеси на неговите поединци против Шалке и германските тимови. Пеп Гвардиола против Шалке има 7 победи и две ремија на девет дуели, а Агуеро има 9 гола на последните шест меча против германски тимови. На клупа се најдоа Компани, Стонс, Отаменди и Марез, кои беа во почетниот тим во саботата.
Шалке од 2011 наваму не стигнал до четвртфиналето, веројатно ниту сега, бидејќи му треба победа од два гола разлика.
Манчестер сити (4-3-3): Едерсон, Данило, Вокер, Лапорт, Зинченко, Гундоган, Давид Силва, Бернардо Силва, Сане, Стерлинг, Агуеро.
Шалке (4-5-1): Ферман, Брума, Стамбули, Сане, Очипка, Сердар, Бенталеб, Конопљанка, Меккени, Бургшталер, Емболо.