Официјални состави: Љоренте во нападот на Тотенхем, Ајакс со најсилен состав

Маурисио Покетино ги одреди првите 11 играчи кои ќе излезат на теренот против Ајакс од првата минута. Аргентинскиот стратег немаше многу избор, Сон е суспендиран, а Кејн ќе го нема до крајот на сезоната, така што довербата во нападот му ја даде на искусниот Љоренте.

Повреден е и Винкс, па токму затоа Покетино се одлучи за тројца централни дефанзивци и шанса доби младиот Санчес, во средината се Ванјама и Ериксен, додека дистрибутери на Љоренте во нападот ќе бидат Али и Моура.

Предводникот на Ајакс Ерик тен Хаг, не изненади со изборот, во Лондон ќе настапи најквалитетниот состав на Копјаниците. Ајакс имаше доста време да се подготви за овој меч, бидејќи колото во Холандија се одложи токму поради нив.

Истата стартна екипа која ги покори Реал Мадрид и Јувентус, сега ќе се обиде да направи нова сензација.

Тотенхем (3-4-2-1): Љорис, Трипие, Алдервирелд, Санчес, Вертонген, Роус, Ванјама, Ериксен, Али, Моура, Љоренте.

Ајакс (4-2-3-1): Онана, Велтман, Де Лихт, Блинд, Талјафико, Шене, Де Јонг, Де Бек, Зијеш, Нерес, Тадиќ.

Натпреварот започнува во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести