Официјално: Адриен Рабио конечно си најде клуб

Еден од најдобрите слободни фудбалери кои немаа клуб, Французинот Адриен Рабио, конечно се договори и по лекарските прегледи ќе потпише за Олимпик Марсеј.

Тимот од Марсеј сезонава ја почна добро и со Рабио во составот ќе се обидат да ја загрозат доминацијата на Пари Сен Жермен. Рабио сениорската кариера ја почна токму во ПСЖ, таму беше од 2012 до 2019 година и фановите на овој клуб сигурно нема добро да го прифатат тоа што Рабио ќе го облече дресот на нивниот голем ривал.

Првото дерби Марсеј – ПСЖ се игра на 27 октомври на „Велодром“.

Рабио минатата сезона играше за Јувентус, а летово имаше голем број понуди, но не прифати ниту една. Долгото калкулирање и немањето клуб го остави без место во француската репрезентација на септемвриските мечеви.

Договорот ќе биде двегодишен, а се шпекулира дека годишната плата ќе му биде 10 милиони евра, плус 15 милиони како бонус за потписот и процент за мајка му Вероник, која е и негов агент.

- Оглас -

Најнови вести