Официјално: Анчелоти го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2026 година!

Реал Мадрид официјално објави дека го продолжиле договорот со тренерот Карло Анчелоти до 30 јуни 2026 година.

Со ова завршуваат шпекулациите за можно заминување на италијанскиот стручњак по завршувањето на сезонава и негова преселба во Бразил како селектор на Кариоките.

Анчелоти е единствен тренер во историјата на фудбалот кој ги има освоено сите пет топ-лиги во Европа и единствен со четири титули во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести