Официјално: Андре Онана потпиша петгодишен договор со Манчестер јунајтед

Камерунскиот голман Андре Онана го комплетираше трансферот од Интер во Манчестер јунајтед, и потпиша петгодишен договор со Црвените ѓаволи.

Јунајтед ќе плати 55 милиони евра за 27-годишниот голман.

„Неверојатна чест ми е што сум член на Манчестер јунајтед. Цел живот тренирав напорно за овој момент, ќе биде прекрасно искуство да придонесувам со одбрани на голот. Манчестер јунајтед има долга историја на неверојатни голмани, ќе се обидам да одам по нивните патеки. Одвај чекам пак да работам со Ерик Тен Хаг, знам колку е посветен“ – изјави Онана кој треба да биде прв голман, откако си замина Давид Де Геа.

- Оглас -

Најнови вести