Официјално: Англија има нов селектор, само трет пат во историјата тоа ќе биде странец

Германскиот стратег Томас Тухел од денеска и официјално ја превзема улогата на селектор на фудбалската репрезентација на Англија. Уште пред неколку месеци беше јасно дека Тухел ќе биде новиот селектор, откако си замина Герет Саутгејт, а мандатот на Германецот започнува од денеска.

„Го сакам животот во Англија и горд сум што сум селектор“, кратко рече Тухел уште кога беше решено дека тој ќе биде наследникот на Саутгејт, кој беше на чело на репрезентацијата од 2016 до 2024 година. Потоа како преодно решение на клупата седна Ли Карсли, а сега доаѓа моментот на Тухел.

🚨 OFFICIAL: Thomas Tuchel has started his role as England manager and is now officially 18 months away from winning the World Cup. 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿

Тухел е третиот странец селектор на Англија. Пред него оваа функција ја имаче Свен Јеран Ериксон од Шведска (2001-2006) и Фабио Капело (2007-2012).

- Оглас -

Најнови вести