Официјално: „Авиончето“ е нов селектор на Турција! (Видео)

Италијанецот Винченцо Монтела официјално е избран за нов селектор на фудбалската репрезентација на Турција.

Монтела од септември 2021 до јуни 2023 беше тренер на турскиот прволигаш Адана Демирспор и запознат е со условите во Турција и со турските фудбалери коишто играат во домашното првенство, од каде што се голем дел од репрезентативците.

Популарното Авионче (прекарот го има поради начинот на којшто ги прославуваше головите додека играше) на селекторското место го наследува Штефан Кунц, под чие водство тимот имаше лоши резултати во квалификациите за ЕП 2024, а на Турците важно им е да бидат дел од настанот кој ќе се одржи во Германија, каде што има многу нивни сонародници.

Монтела веќе го посети седиштето на Турската фудбалска федерација во Рива (предградие на Истанбул) и наскоро ќе се фати за работи:

- Оглас -

Најнови вести