Официјално: Ди Франческо разрешен, Раниери на клупата на Рома

Се потврдија и официјализираа најавите дека Еузебио ди Франческо ќе биде сменет од тренерската позиција во Рома. По поразот од Порто во ЛШ и состаноците на управата, попладнево клубот од Рим одлучи да се раздели со човекот кој важеше за близок пријател со претседателот Џим Палота.

Ди Франческо како играч во 2001 година освои титула со Рома во Серија А, а под негово водство како тренер во минатата сезона стигнаа дури до полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во четвртфиналето ја елиминираа Барселона со триумф од 3-0, по поразот од 1-4 на „Камп ноу“.

„Ти благодариме Еузебио, никогаш нема да заборавиме што направи за клубот“, порачаа од Рома и му посакаа успех во иднина.

Италијанските медиуми тврдат дека нов тренер на Рома ќе биде стариот лисец Клаудио Раниери, кој се враќа во татковината откако до неодамна седеше на клупата на Фулам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести