Официјално: Дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид нема да се игра викендов!

Дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид кој требаше да се игра на 2 ноември во рамките од 12 коло на шпанското првенство и официјално е одложен. Причина за одложување на овој дуел е природната катастрофа која ја зафати Валенсија.

Обилни врнежи од оджд предизвикаа големи поплави во кои загинаа преку 100 луѓе. Од Валенсија испратија официјално соопштение.

„Во ова тешко време, сакаме да им го пренесеме нашето најдлабоко сочувство и поддршка на семејствата и пријателите на загинатите и на сите погодени од оваа катастрофа која го стави фудбалот во втор план. Од вторникот, сите членови на Валенсија им стојат на располагање на властите и општините засегнати за да помогнат на секој можен начин. Клубот го цени разбирањето на челниците на Примера дивисион, на Кралската шпанска фудбалска федерација и Реал Мадрид, кои покажаа целосна чувствителност во одложувањето на натпреварите на нашите екипи“, се вели во соопштението на Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести