16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Официјално: Ерик тен Хаг е нов тренер на Баер Леверкузен

Ерик тен Хаг потпиша двегодишен договор со германскиот вицепрвак Баер Леверкузен.

Холандскиот 55-годишен стручњак кој се докажа на клупата на Ајакс, со кого освои пет трофеи за четири години, неколку сезони го водеше Манчестер јунајтед, од каде што беше избркан пред неколку месеци, а сега си најде работа во Баер, каде што тренерската позиција се испразни по заминувањето на Чаби Алонсо во Реал Мадрид.

Тен Хаг со Манчестер ги освои ФА купот и Лига купот во Англија. Со работа во Леверкузен ќе стартува на 1 јули.

„Баер е еден од најголемите клубови во Германија, а топ клуб и во Европа. Клубот нуди фантастични услови, импресиониран сум од разговорите со менаџментот. Дојдов тука да продолжам со амбицијата која ја покажував изминатите години. Ова е атрактивен предизвик за мене“, изјави Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести