Германскиот стручњак Дени Рол е нов менаџер на Глазгов ренџерс, славниот шкотски клуб за којшто игра македонскиот напаѓач Бојан Миовски.
Рол, кој претходно беше на клупата на Шефилд вензди, која му беше прва работа како главен тренер, потпиша договор на две и пол години.
Станува збор за тренер кој кариерата ја почна во Лајпциг, а како помошник на Ханси Флик во Баерн ги освои Лигата на шампионите и Бундеслигата. Со Флик работеа и во германската репрезентација на Светското првенство 2022 година.
Дебито на клупата на трофејниот Ренџерс ќе го има в четврток, на дуелот со Бран во Лигата на Европа.