Екипата на Детроит пистонс и официјално стана најлошиот тим на сите времиња во историјата на НБА-лигата, барем ако се гледа по бројот на загубени мечеви во низа во една сезона. Ноќеска Детроит на свој терен загуби од Бруклин со 118:112 и по 27-ми пат едно по друго кошаркарите на овој тим го напуштија теренот со наведнати глави.
NBA history and infamy: The Detroit Pistons have set the league record for most consecutive losses in a season at 27 in a row (and counting). pic.twitter.com/FBT4RstGCQ
— Shams Charania (@ShamsCharania) December 27, 2023
Екипата на Филаделфија во 2015 година имаше 28 порази во серија, но оваа низа ѝ се случи во две разлини сезони. Во првата сезона „76-ките“ имаа 10 порази по ред, а потоа следната сезона ја отворија со 18 порази и стигнаа до 28 порази едно по друго.
Детроит има можност да го стигне, па дури и да го надмине и овој неславен рекорд. Прво треба да загубат на гости кај Бостон, што е многу веројатно, а потоа дома ќе го пречекаат Торонто.
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска во НБА: Вашингтон – Орландо 119:127, Чикаго – Атланта 118:113, Хјустон – Индијана 117:123, Њу Орлеанс – Мемфис 115:116 по продолжение, Оклахома – Мемфис 129:106, Сан Антонио – Јута 118:130, Портланд – Сакраменто 130:113, ЛА клиперс – Чикаго 113:104.