17.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Официјално: Гундоган си замина од Манчестер сити и потпиша за Галатасарај (Фото+Видео)

Илкај Гундоган по девет години си замина од Манчестер сити и следната сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант, Галатасарај. Германскиот интернационалец со турски корени веќе е во Истанбул и за првпат во својата кариера ќе игра за клуб од земјата од која потекнува.

Манчестер сити се согласи да му го раскине договорот и тој како слободен фудбалер се сели во Турција.

Гундоган осум сезони во последните девет години го носеше дресот на „граѓаните“, исклучок е само онаа сезона кога настапуваше за Барселона, па за Манчестер сити собра 358 настапи, на кои постигна 65 гола и имаше 47 асистенции. Беше дел од најголемите успеси на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести