Официјално: Игор Тудор останува тренер на Јувентус уште најмалку две сезони

Игор Тудор и официјално останува тренер на Јувентус, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката до 2027 година, со можност за автоматско продолжување на уште една година.

Хрватот дојде на кормилото на „старата дама“ пред крајот на месец март како краткотрајно решение, но успеа да го однесе клубот во Лигата на шампионите за следната сезона, па се чини дека тоа беше најдобрата препорака за долгорочен договор.

Јувентус ќе настапи на Светското клупско првенство, а таму се во група со Ал-Аин, Видад Казабланка и Манчестер сити, па пласманот во осминафиналето не би требало да претставува проблем за „старата дама“.

- Оглас -

Најнови вести