Добре дојде назад! Со овие зборови кошаркарскиот клуб Фенербахче ја објави веста дека официјално нов тренер на тимот е Литванецот Шарунас Јасикевичиус.
Јасикевичиус во 2011 година како играч на Фенер освои титула и куп во Турција, а сега се враќа во клубот како тренер.
Јасикевичиус како тренер има работено само уште во Жалгирис и Барселона, кои исто така се клубови во коишто има играно во минатото.
Договорот со Фенербахче му е до крајот на сезоната 2025/2026, а дебито на клупата на истанбулските Канаринци треба да го има утре, на мечот со Монако.